ДУИ: Општините Гостивар и Тетово, со кои раководат Арбен Таравари и Билал Касами се во долгови

Од:

За жалење е состојбата во општините Гостивар и Тетово, со кои раководат Арбен Таравари и Билал Касами, кои се меѓу општините кои лошо се менаџираат и се во долгови. Со долг од десетици милиони евра прво на листата е Јавното претпријатие за општински дејности Гостивар, а потоа општина Гостивар која 7 години по ред продолжува да оди се подлабоко во долгови. Демократската Унија за Интеграција веќе ја алармираше јавноста за критичната финансиска состојба на соодветните општини и дека на граѓаните јасно им е зошто недостигот капиталните инвестиции во овие општини, велат од ДУИ.

„Во однос на долгот не е ништо подобра ниту општина Тетово, која ја предводи Билал Касами. Касами, наместо да се занимава со менаџирањето на општината, му конкурира на колегата, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој меѓу нив е најдобар вазал на нивниот газда Мицковски, а општината и јавните претпријатија продолжуваат да тонат во долгови. Но, не можеме да очекуваме повеќе од предводниците на нарушувањето на албанскиот легитимитет. ВЛЕН, откако ги деградираше сите достигнувања на Албанците во извршната власт, реши целосно да ја потоне состојбата на општините со кои управуваат, не обврзувајќи се да завршат ниту еден капитален проект за општините со кои управуваат. Граѓаните не заслужуваат вакво лошо управување. Граѓаните заслужуваат многу повеќе и такво нешто наскоро ќе се случи. Вазалите ќе ја добијат казната, а граѓаните ќе имаат достоинствена застапеност и на локално и на централно ниво“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити