ДУИ: Нов Устав ако се изгласа моноетнички Закон за бранители

Од:

Муса Џафери, вицепремиер од редовите на ДУИ,синоќа во  интервју за телевизијата  Алсат М, изјави дека ако се донесе Законот за бранителите со гласовите на македонските пратеници тогаш Албанците ќе бараат нов Устав на Македонија.

„Ако се донесе Законот за бранители кој би бил моноетнички тоа ќе биде најлошиот тест и истовремено најголемиот предизвик за Охридскиот ракмовен договор, што значи ќе се отворат многу теми како на пример актуелниот устав на државата, односно Албанците ќе бараат нов Устав.И се тоа ќе отвори уште потешки теми, изјави Џафери за ТВ Алсат.

Во понеделник продолжуваат маратонските дискусии на пратениците на ДУИ, за да го спречат носењето на законот

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

А1он

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“