ДУИ: Ние сме НАТО и гарант за Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство

Од:

„Демократската Унија за интеграција им честита на сите наши граѓани за полноправното членство на нашата земја во НАТО по завршувањето на сите формални постапки на процесот за членство. Големите достигнувања оваа недела се круна на нашето национално и политичко дејствување, сега веќе сме полноправна членка на НАТО и ги започнавме преговорите за членство во Европската Унија. Почитувани граѓани, Демократската Унија за Интеграција е гарант на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство. Нема да дозволиме враќање назад“, пишува во соопштението од ДУИ.

„Навистина, процесите на рамноправност и интеграција задоцника, но на крај се реализираа за да станат постојани. Сите достигнувања се заслуга на граѓаните на нашата земја. ДУИ изразува благодарност до Соединетите Американски Држави и 28-те емји членки за подршката за нашето членство во НАТО и цено дека ова е заеднички успех на сите нас. Безбедната иднина е определба на граѓаните и наша обврска“, се додава во пишува во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански