ДУИ нема да прави предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Демократската Унија за Интеграција на Али Ахмети кажа дека нема да прави предизборна коалиција нити со СДСМ ниту со ВМРО-ДПМНЕ, а ќе продолжи само со сојузништвото со албанскиот народ.

Од ДУИ изразија сомнеж дека новата коалицијата помеѓу СДСМ и ДПА, која што ја нарекоа „Петрол коалиција“, има за цел да го наруши принципот на, како што е велат, „двојното мнозинство што ја гарантира консензуалната демократија“ .

„Откако ја изневери вољата на Албанците во 2006 година, кога ги узурпира институциите на земјава без вољата на Албанците, Тачи и ДПА го подготвуваат теренот за да го повторат непочитувањето на албанскиот глас“, соопшти ДУИ.

Тие ја повикаа ДПА, „да не ги крие своите срамни намери за да се протне во владата низ задната врата, туку да се соочи со Албанскиот народ и да го прифати поразот“.

„Ниту една предизборна “Петрол” коалиција нема да успее да го победи лидерот на ДУИ затоа што граѓаните Албанци ги ценат демократските вредности инсталирани од страна на ДУИ и не ги прифаќаат касапааните егзекутирани од страна на ДПА“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански