ДУИ: Нема да дозволиме децениски напори да бидат поништени

Од:

Демократската унија за интеграција со длабока загриженост ја следи координираната кампања за дискредитација на последниот попис на населението, процес кој беше законски, транспарентен и целосно мониторирани од домашни и меѓународни набљудувачи, велат од ДУИ.

„Оваа кампања не е случајна. Таа е дел од поширок обид за ревизија на сите постигнувања од последната деценија, за организирање нов попис според нови политички агенди, со цел враќање на системската нееднаквост. Тоа е опасен обид за поткопување на темелите на соживот, за реализација на етноцентристички и aлбанифобски агенди и за рушење на кревките меѓуетнички односи.

ДУИ остро го осудува овој процес и порачува дека секој што ќе се обиде да го загрози уставниот поредок, Охридскиот договор, етничката еднаквост и соживотот, ќе сноси политичка, правна и морална одговорност. Нема да дозволиме децениски напори да бидат поништени. Мирот, еднаквоста и соживотот се црвени линии, зад кои ДУИ секогаш ќе стои цврсто, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански