ДУИ: Не смееме да дозволиме Албанците да бидат избришани од државата

Од:

„Демократската унија за интеграција најостро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа сите од македонска етничка припадност, без ниту еден Албанец. Ова не е изолиран случај, туку продолжување на систематската политика на етничко исклучување, која директно го поткопува соживотот и меѓуетничката рамнотежа во државата“ соопштија од ДУИ.

Од партијата потсетуваат дека „институциите се должни да ги одразуваат мултиетничкиот карактер и уставниот принцип на еднаква застапеност. Наместо тоа, гледаме враќање кон еднонационални структури и негирање на реалноста во која живееме“.

„Очекуваме итна реакција од Владата и одговорност од оние кои со своето молчење или учество го овозможуваат ова враќање кон дискриминаторски практики. Не смееме да дозволиме Албанците да бидат избришани од државата. Ќе ги користиме сите демократски средства за да го спречиме институционалниот монопол и да ја вратиме правдата таму каде што ѝ е местото, кај сите граѓани, еднакво“ велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад