ДУИ не ја демантира автентичноста на снимките, Ахмети ја призна пред неполн месец

Од:

Откако СДСМ објави нова бомба поврзана со владините функционери на ДУИ, важно е да се напомене дека самиот лидер на оваа партија, Али Ахмети, пред неполн месец изјави дека ги смета разговорите за автентични. На 19-ти мај во интервју за албанската телевизија ТВ Клан, Ахмети одговори потврдно на прашањето на новинарот дали смета дека бомбите се веродостојни.

-Да, аудио снимките од бомбите на Заев се автентични – гласеше неговиот одговор.

ДУИ ниту денес не ја демантираше автентичноста на новообјавените разговори, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ од каде постојано велат дека разговорите се сечени, лепени и монтирани. ДУИ, од друга страна, во соопштението испратено до медиуми, порача дека обвинувањата на Заев се тенденциозни и побараа аудио снимките да бидат проследени до надлежните органи за да се утврди вината.

– Доколку низ постапка се докаже вина, ДУИ нема да заштити никого, но исто така доколку се докаже дека обвинувањата се засновани на тенденциозни вадење од контекст на приватни разговори помеѓу функционери, истото да се објави, се вели во соопштението од партијата.

Во разговорите што Заев ги објави денеска според СДСМ било дозволено да опстои дивоградба спроти амбасадата на САД на Кале затоа што сопственикот бил близок со партиски функционери, потоа дека агитирале државните тендери да ги добијат фирми блиски до партијата.
М.В

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми