ДУИ не гласа за предлозите од владата

Од:

ДУИ не застана зад предлозите на владата при утврдување на дневниот ред. Исто така и ДПА и НДП гласаа против сите предлози кои што доаѓаат од извршната власт.

Два закона од областа на културата бидејќи исходот беше 50 за, 50 против, не влегоа во дневниот ред.

ДУИ, рече, Ермира Мехмети има и маратонци и спринтери, ние сме шампиони во сите дисциплини. Ќе гласаме против законот за бранители бидејќи е против уставот. Против Охридскиот договор и Бадентеровит принцип.

ДПА бара законот да се симне од дневен ред, укажа дека ДУИ со ставот на седницата се предадени:

„ДУИ не говори за напуштање на владата туку за парламентарна битка, а таа е изгубена. ДУИ требаше да ја напушти владата“, рече имер Алиу од ДПА.

Изет Зеќири од НДП побара да се симне законот од дневен ред, бидејќи е противуставен, граѓаните ги става во нееднаква положба и ќе чини 340 милиони евра, а во законот нема наведено какви ќе бидат финансиските импликации.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски