ДУИ на митинг во Куманово

Од:

Лидерот на ДУИ и носител на пратеничката листа во Изборната единица 6 Али Амети вечерва, заедно со кандидатите за пратеници од оваа партија, на митинг во Куманово ја презентира изборната програма.

– Сигурни сме дека нашата визија, нашиот концепт е концепт на просперитет, на зближување и помирување. Работиме за поголема слобода, поголема демкоратија, на зближување и соединување меѓу народите, за стандардите кои ги воспоставува Европа за остранување на границите, рече Ахемти.

Според него, ништо лошо нема да им се случи на граѓаните во Македонија, Косово и Албанија ако се отстранат границите, луѓето ќе можат слободно да се движат ќе се овозожи слободна размена на стоки.

Носителот на листата во Втората изборна единица Реџаиљ Исмаили се осврна на проектите спроведени во кумановскиот регион, а најави и нови опфатени со партиската програма.

– Изминативе години докажавме дека нема поголем патриотизам од градењето училишта, амбуланти, патишта, болници, создавање услови за водење бизнис, инвестиции во инфраструктурата. Овие проекти се доказ за патриотизамот, рече Исмаили.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански