Според ДУИ над три илјади гласачи Албанци кои живеат во странство на скандалозен начин биле избришани од Избирачкиот список, а во македонската амбасада во Тирана биле донесени гласачи Македонци од Пустец на кои им биле издавани лични карти во хотел, што ДУИ го докажуваше и со фотографија од хотелската рецепција, објави Телма.
-Се повтори Пустец каде што гласачите гласаа со лични карти што имс е издавале од хотел. По гласањето им биле одземани личните карти, рече потпретседателот на ДУИ Изет Меџити.
-Споменав МНР. Зарем не е јасно. Имавме соочување само меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и немавме дилема кој може да победи, рече Меџити.