ДУИ: Мицкоски стравува од победничкиот Европски фронт

Од:

Од победничкиот Европски фронт не стравува само албанската опозиција, туку и Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на македонската опозиција, истовремено и шеф на таканаречената коалиција “Вреди”, Христијан Мицкоски, чувствувајќи дека неговите албански партнери ќе претрпат тежок пораз на 24-ти април и 8 -ми мај, изјави дека коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ нема да успее велат од ДУИ.

– Наместо истиот да понуди конкретна изборна програма, опозицијата, обединета со диригeнти од на Путинова Москва, избра да ја клеветат и навредуваат коалицијата “Европски фронт”. Ова го кажа и самиот партнер на Мицкоски, Изет Меџити, чија грижа беше дека „ниту една македонска партија не ја сака ДУИ“. Демократската унија за интеграција им става до знаење и на Мицкоски и албанската опозиција дека како и досега, за победникот во албанскиот блок одлучуваат само гласачите Албанци, а никако Мицкоски, Павле Трајанов или Кремљ. Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на изборите со „+20 пратеници“ и идната Влада несомнено ќе го продолжи европскиот пат на земјата. Го потсетуваме Мицкоски дека Северна Македонија денеска е предводена од премиер Албанец, Талат Џафери, а дипломатијата ја води министерот Бујар Османи, идниот претседател на државата. Обидите за дефокусирање на вниманието ќе останат само обиди и ништо друго, а ќе бидат заборавени по 8- ми мај, кога ДУИ и коалициските партнери на „ДА за Европа, НЕ за Русија“, ќе објават уште една убедлива победа, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Без разлика на нашите различности, на 2 ноември да се обединиме во Кичево

А1он

Мицкоски: Верувам дека граѓаните на Кичево ќе го препознаат вистинскиот избор

А1он

Мицкоски: Негласањето не опција и начин да се изрази незадоволството

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Да беше Пинокио, носот ќе ти удреше во крстот на Водно, Јакимовски за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар