ДУИ: Македонија од синоќа е посилна, ја врати политичката стабилност

Од:

ДУИ го поздравува вчерашниот договор за единствената отворена точка од договор на 2. јуни, која се однесуваше за формата на Владата која што ќе ги организира предвремените избори и изразува убедување дека Македонија од синоќа е посилна, ја врати политичката стабилност и се доближи уште повеќе до НАТО и ЕУ.

Ова денеска го соопшти ДУИ, која им се заблагодари на авторитетите од меѓународната заедница за придонесот кон постигнување конечен договор и изразува почит и за конструктивната улога на партиските лидери во правец на надминување на политичката криза во земјава.

Во контекст на договорот од 2. јуни, ДУИ доставила предлози кои се однесуваат на меѓуетничките односи, целосната имплементација на Охридскиот договор, добрососедските односи и на евроатлантските интеграции.

Меѓу предлозите, се вели во соопштението од ДУИ, се поделба на трите најзначајни државни позиции со ротација (претседател, премиер, претседател на Собрание), фер и правична распределба на буџетот, балансиран регионален развој, јазични политики, адекватна и правична застапеност, консензуалност, помирување, националните симболи, договорот од 29. мај, 24 часовна државна телевизија на албански јазик, мерки за градење доверба и ресоцијализација.

ДУИ предложила да се разговара и на теми кои се однесуваат и на односите со Албанија, Косово, Бугарија и Грција заедно со предлозите за забрзување на евроатлантската интеграција на земјата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Партнерите од ЛЕН се понижуваат за да му се допаднат на премиерот

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Горан Наумовски

Влен: Нема да молчиме пред клеветите, тука сме да ја изнесеме вистината на виделина

ДУИ: Прво Коридорот 8 го прогласија за закана по националниот идентитет, а сега се фалат со него

ДУИ: Нашиот глас ќе се слушне, Охридскиот договор нема да се погази