ДУИ: Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса ја суспендираа двојазичноста во Скопје

Од:

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми одржа денес прес конференција на која зборуваше за последните постапки на директорот на КИЦ за заобиколување на употребата на албанскиот јазик, за тенденциите и сценаријата на Алијанса, Беса, ВМРО и Левица за поттикнување на тензии и омраза.

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Адеми истакна дека Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост и го прекршуваат Законот за употреба на јазиците за да поттикнат тензии.

„Овој чин на директорот на Културно-Информативниот Центар на коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса предизвика многу реакции бидејќи со овој потег партнерите на коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост од една страна и од друга страна го прекршуваат Законот за употреба на јазиците кој е веќе во сила, со цел да ги поттикнат меѓуетничките тензии во време кога целиот континент страда поради војната во Украина. Ова може да биде само сценарио кое оди во прилог на Русија, како што беше и сценариото на мнозинството 61”, истакна Адеми од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата