ДУИ ја сака функцијата на јавниот обвинител Љупчо Шврговски

Од:

Функционери на ДУИ за порталот „ПорталБ“ изјавиле дека доколку не ја добијат функцијата јавен обвинител , партијата ќе го блокира изборот на обвинители и судии преку Бадинтеровиот механизам.

Од партијата на Али Ахмети, според порталот, за замена на Љупчо Шврговски го спремаат обвинителот Шпенд Деваја, сопругот на вицепремиерката Теута Арифи. За Деваја и претходно се шпекулираше дека треба да биде судијата на Врховниот суд.

Понуда добила и Сузана Салиу, потпретседател на Парламентот, но не прифатила да биде Народен правобранител, на местото на Иџет Мемети.

Речиси е сигурно дека сегашниот министер за правда, Блерим Беџети, доколку сценариото се реализира да биде кандидат на ДУИ на локалните избори во 2013 година за Општина Сарај.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански