Прогласување на дел од Шар планина за национален парк, подобро искуристување на потенцијалите за транзитните туристи, подобрување на инфраструктурата, се само дел од проектите предвидени во економската програма на ДУИ што денеска беа претставени пред граѓани во Тетово.
Досегашнот министер за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми потенцираше дека во Македонија постојат големи потенцијали за развој на езерскиот, планинскиот, руралниот, но и спортскиот, културниот и здравствениот туризам.
ДУИ се залага, рече Адеми, за подобро искуристување на потенцијалите за транзитните туристи што ќе ги користат коридорите 10 и 8 преку засилен маркетинг, соодветно означување на атрактивните туристички зони.
Според Адеми, неопходно е правно да се регулира прогласувањето на дел од Шар планина за национален парк како можност за привлекување повеќе туристи особено во зимскиот период. Ски центарот Попова шапка од македонска страна да се поврзе со центарот во Брезовица на косовска и сосодветните инстититуции на албанска страна од границата, предлага ДУИ.
Професорот Сали Жаку посочи дека од околу 660.000 туристи евидентирани минатата година, половина претстојувале во запдниот дел од државата поради што е потребно унапредување на инфраструктурата и максимално искористување на потенцијлот.
Досегашниот вицепремиер Фатмир Бесими наведе дека вкулчувањата ан европските стандарди за развој на туризмот се неопходни со цел на странските но и на домашните туристи да им го понудиме тоа што е наша специфика како богатото културно историско и природно наследство и здравата еколошка храна.
Актуелната градоначалничка на општина Тетово Теута Арифи посвети најголем дел од своето излагање на соработката на централната и локалната власт во следните 4 години за спроведување на Стратегијата за развој на туризмот во општината, додека Хазби Лика рече дека треба да се покаже вистинска волја за развој на туризмот. Тоа, напомена, бара надмиинување на теснопартиските проекти како основа за вистински напредок со вклучување на сите надлежни и заинтересирани институции, како и поединци од областа на туризмот, економијата, инфраструктурата.
Пред присутните се обрати и кандидатот за пратеник од ДУИ во Шестата изборна единица Хазби Лика.