ДУИ ја претстави изборната програма во Мала Речица, Студеничани и Батинци

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) синоќа ја претстави изборната платформа за претстојните парламентарни избори  на митинг во Мала Речица, како и на средби со жители на Каршијак, Студеничани и Батинци.

Претседателот на ДУИ и носител на листата за пратеници во Шестата изборна единица Али Ахмети, истакна дека  целат на победа, но и на значаен мандат за решавање на важни прашања.

– ДУИ е непоразена сила, сила што победува меѓутоа, ние не сакаме победа како победа, ние сакаме значаен мандат со кој ќе можат да се надминат прашањата кои навистина бараат имунитет. Проблемот за прашањето на името изискува разбирање внатре во државите, како што е спорот со грчката или пак бугарската страна Ние сме се обиделе какао ДУИ да не бидеме само набљудувачи, туку сме се вклучиле на активен начин за решавање на овие проблеми, рече Ахмети

Шефот на Централниот изборен штаб, Беким Незири  потенцираше на важноста од освојување повеќе пратенички места, и посочи дека ќе биде добро во ИЕ 6 да имаат над 10 пратеници.

– На 11 декември ќе го предизвикаме резултатот од 2014 година и ќе добиеме повеќе пратеници, рече Незири.

Според кандидатката за пратеник од ИЕ 6 на ДУИ  Шпреса Хадри, ДУИ ќе продолжеле со реализација на нивната платформа за инвестиции во слободната економска зона, со капитални инвестиции во Попова Шапка и економски развој на планинскиот и на регионот во целост. Идната недела ќе почне реализацијата на проектот за гасификација на Полог, изјави Хадри.

Претходно, претседателот на ДУИ на средбите со жители во делот на Каршијак, Студеничани и Батинци рече дека бара единство на албанскиот, турскиот и бошњачкиот глас, за посилен мандат во идната влада.

Покрај порака за нерасцепкување на албанскиот глас, Ахмети говореше и за платформата на ДУИ, со која  ќе продолжеле да се залагаат за создавање поволни услови за развој на бизнисот и за понатамошно намалување на невработеноста. Посети и неколку локални компании каде се запозна за условите за работа.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница

Адеми: Oвие избори ги сметаме за слободни, фер и демократски

Бајрам Реџепи: Тетово треба да биде инклузивна и отворена општина

А1он