ВИДЕО: ДУИ ја почнува кампањата од Дебар, но не кажуваат колку пари ќе потрошат

Од:

Од ДУИ не откриваат колку пари издвоиле за претседателската кампања и дали ќе ја повторат праксата на финансирање преку јавни претпријатија.

Од таму најавија дека колку средства се планирани за изборите ќе кажат на некоја од следните прес-конференции. Негираат дека партијата се финансира преку јавни претпријатија и ветуваат транспарентност.

„Мобилизирани сме сите за да го означиме успехот. Има илјадници активисти. ДУИ е за концептот за НАТО и за ЕУ, а не за евроскептицизам, ДУИ е за принцип на консензуалност како при изборот на кандидатот за претседател“, изјави Арбер Адеми на прес-конференцијата.

Адеми кој ниту еднаш при обраќањето не го спомена Стево Пендаровски, рече дека во случај да не се избере консензуалениот кандидат може да се забави европскипт пат.

Тој најави отворање на шатабови во Бутел, Сарај, Студеничани и други општини, а кампањата ќе ја почнат и завршат во Дебар.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните