ДУИ ја обвини НДП дека застанала на страната со антиалбански тези

Од:

Владејачката ДУИ и забележа на етничката албанска опозициска партија на Руфи Османи, НДП, што на петочното изгласување доверба на Владата, застанала на страната на СДСМ.

„Руфи Османи и пратениците на партијата која што тој ја води гласаа ЗА иницијативата за гласање на доверба на владата која што имаше за цел да го осуди инстицуоналното чествување на УЧК во Слупчане, да го осуди именувањето на школите со имиња на Албански преродбеници, да го осуди унапредувањето на Албанскиот јазик, да ја осуди употребата на националното знаме на Албанците како и националната химна на Албанците, да го осуди амнестирањето на пор. припадници на ОНА, итн”, се вели во реакцијата на ДУИ.

Според интегративците НДП нема право да говори за политики морал, затоа што била `единствената партија на Албанците која што се построи зад СДСМ во нивните заеднички напори да ги негираат достигнувањата на Албанците сметајќи ги за граѓани од втор ред?`

„НДП и вети поддршка на СДСМ, потоа на собраниската седница го критикуваше СДСМ за на крај да гласа за СДСМ. Ова е уште еден доказ за непостојаноста на партијата која што е основана без визија и со единствена причина за поделба на Албанското гласачко тело при што причини загуба од пет Албански пратеници на последните избори”, велат од ДУИ.

Според партијата на Али Ахмети, оваа несериозна реакција на НДП претставува обид да се скрие нивната лудост на собраниските клупи кога поддржале иницијатива со антиалбански елементи што ги отежнува меѓуетничките односи и докажува уште еднаш дека малата партија на Руфи Османи нема капацитет да се занимава со големи процеси.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански