ДУИ: Извештајот на ЕК е објективен

Од:

Демократската унија за интеграција го поздравува извештајот за напредокот на Македонија во 2015 година, како многу важен документ во процесот на интеграција, воспоставувањето на демократските вредности и напредокот на земјата.

Од партијата на Ахмети велат дека извештајот е објективен документ, кој ќе служи за спроведување на понатамошни реформи во процесот на европската интеграција.

„Од особена важност за иднината на земјата е подготвеноста на Европската комисија да ја повтори својата препорака за отворање на пристапните преговори со Република Македонија. Оваа препорака подразбира продолжување на имплементацијата на политичкиот договор и значителен напредок во спроведувањето на приоритетните и итни реформи. Исто така, во наредниот период посебно внимание ќе се посвети на подобрување на меѓуетничките односи, вклучувајќи ја и анализа на спроведувањето на Охридскиот договор. Добрососедските односи треба постојано да се промовират, што подразбира и решавање на отворените билатерални прашања, а особено треба да се истакне важноста на решавањето на спорот за името. Апелираме до сите релевантни чинители во земјата целосно да се фокусираат на спроведување на агендата на евро-атлантската интеграција, како единствена алтернатива за мирна, стабилна и просперитетна иднина за доброто на сите граѓани“, се вели во партиското соопштение. 

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата