ДУИ: Избори, само ако се согласи и СДСМ

Од:

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи посочи дека нови избори не се решение за излез од неуспехот на комисијата за 24. декември. Партијата според него нема да прифати нови избори, доколку единствено СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се договорат да се распушти Собранието и само во тој случај би ја прифатиле иницијативата. Османи не гледа причина за нови избори, кога според него, и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ сеуште уживаат најголема поддршка од електоратот.

Според Османи, за инцидентите на 24. декември се виновни двете страни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ се понудила како олеснувач во преговорите, но двете страни го одбиле тоа, рече Османи на средба со новинарите.

Од партијата инсистираат  врвен приоритет да останат  македонските евроатлански интеграции и апелираат со ВМРО-ДПМНЕ да се усогласат ставовите околу извештајот за да не се загрози препораката за старт на преговорите од Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата