ДУИ: Инцидентот во Мала Речица нема врска со ДУИ

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантира информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

– Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активности. Ја демантираме секоја информација во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентите кои немаат врска со Демократската унија за интеграција и за Демократската унија за интеграција, се вели во соопштението на ДУИ.

Дел од медиумите известија дека вооружениот инцидент кој се случи попладнево во Мала Речица бил помеѓу членови на владејачката ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДИУ: Вреди постои како име за пропаганда

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат

Јаневска бара да се поништи Бадентер и ги нарекува Албанците „мала Заедница“, реагира ДУИ

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

ДУИ: 25 години од Охридскиот договор – јубилеј што нè обврзува да ја браниме еднаквоста

Горан Наумовски

ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител