ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски, ВМРО падна под 320.000 гласачи

Од:

„Соочен со драстичен пад на рејтингот и недоверба на повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кон него, како и четири пати помал рејтинг од азилантот Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува со патетичен национализам, надминат повеќе од две децении, да опстанат на политичката сцена со копирање на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во напорите за доведување на ДУИ во опозиција и претставување како квазипатриоти“, велат од ДУИ.

„Сите градоначалници на општините од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат како Данела Арсовска, но се уште немаат храброст како Данела да го оспорат булингот што им го прави Мицкоски.

Сите гласачи на ВМРО-ДПМНЕ знаат дека Мицкоски го интересираат само бизнисот и неговите деловни партнери и дека намерно го оставил во кал целото поранешно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, што и самиот го потврди.

Затоа, Мицкоски и по 5 години е под сенка на Груевски и падна под 320.000 гласови на парламентарни избори, што се одразува и на внатрепартиските рејтинзи каде најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ за лидер го сметаат Никола Груевски, а не Христијан Мицкоски“, соопштува ДУИ.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ