ДУИ: Граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не потпаѓаат на манипулации

Од:

Демократската унија за интеграција попладнево преку соопштение изрази жалење за денешните настани и ги повика граѓаните да не потпаѓаат на манипулации на субјекти за тесно партиски интереси.

– ДУИ смета дека правото на протест и слободно изразување на мислењето е основно човеково право, меѓутоа изразуваме жалење за денешните настани каде ДПА преку своите локални структури инструментализираше еден легитимен собир на граѓаните кој имаше за цел да го изрази незадоволство за вчерашното дивеење на хулиганите низ скопските улици и со тоа еден мирен протест го претвори во насилен за сопствени тесно партиски и изборни цели, се наведува во соопштението.

Со оваа постапка ДПА, додаваат од ДУИ, го загрози животот на граѓаните, тешко го оштети имиџот на Албанците и ја загрози перспективата на земјата.

ДУИ уште еднаш ги повикува граѓаните да ја зачуваат ладнокрвноста и да не потпаднат, како што истакнуваат, на манипулациите на субјекти и групи кои се подготвени да го загрозат животот на граѓаните за своите тесно партиски интереси.

– Гарантираме дека секој кој ќе крене рака врз невини граѓани ќе ја добие максималната и заслужена казна и тоа сме го докажале во минатато. Сакаме да ги осигураме граѓаните дека нема да дозволиме на никој да го уништи сето тоа што макотрпно заедно сме го изградиле за добробитта на граѓаните и земјата, се наведува во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански