ДУИ го осуди убиството на Ангел и апелира случајот да не се става во етнички контекст

Од:

ДУИ денеска преку соопштение го осуди убиството на Ангел Петковски од Ѓорче Петров и, како што истакнуваат од партијата, насилните протести што се случиле во понеделникот, апелирајќи притоа случајот да не се става во етнички контекст.

– Централното претседателство на ДУИ ги следи со загриженост настаните кои се случуваат последните денови во скопската населба Ѓорче Петров. Домашната јавност е потресена од убиството на еден млад човек, чин кој е за осудување и за жалење од сите нас, затоа на семејството на починатиот му изразуваме длабоко сочувство. Според официјалните податоци, убиството нема етнички и верски мотиви, па оттука тенденциите случајот да се стави во етнички контекст, се неодговорни и за осудување. Исто така, го осудуваме вандалното однесување во текот на насилните протести во понеделникот, се вели во соопштението од партијата.

Од ДУИ ги повикуваат сите граѓани да ја зачуваат нивната ладнокрвност и воздржаност и заедно со институциите да дадат придонес кон враќање на редот и безбедноста.

– Меѓуетничкиот соживот претставува вредност која бара наша грижа и посветеност, при тоа не заборавајќи дека однесувањето на секој поединец може да влијае директно врз овие односи. Затоа, во вакви моменти е потребен придонесот на сите нас за да го сочуваме ова богатство наследено и негувано со години и децении, се истакнува во соопштението од Демократската унија за интеграција.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански