ДУИ го одложи Конгресот по реализацијата на Преспанскиот договор

Од:

Централниот одбор на Демократската Унија за Интеграција на седницата одржана на 31 август 2018 година во Скопје едногласно донесе одлука за пролонгирање на петиот Конгрес на партијата.

„Членовите на Централниот одбор на Демократската Унија за Интеграција оценија дека сите свои капацитети оваа година, ДУИ ги посвети на јазичната рамноправност, итните реформи, договорот за добрососедство со Бугарија, Преспанскиот договор, добивањето на поканата за членство во НАТО и датумот за почеток на преговорите со Европската Унија.

Заокружувањето на овој процес со успешното одржување на референдумот и уставните измени е од приоритетна апсолутна важност за Демократската Унија за Интеграција и граѓаните.

По успешното заокружување на овие обврски и очекувањата на граѓаните, Централниот одбор на Демократската Унија за Интеграција повторно ќе одржи состанок за да донесе одлука за одржување на Конгресот и да изготви стратегија за градење на ДУИ за следните две децении“, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он

Адеми: Пораката на ЕУ е недвосмислена, Македонија не е подготвена за интеграција во европскиот внатрешен пазар

Горан Наумовски

ДУИ: Потребни се итни реформи и уставни измени

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми