ДУИ: Фер, слободни и демократски избори со мали нерегуларности

Од:

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вечерва по завршувањето на гласањето изјави дека предвремените парламентарни избори биле слободни, фер и демократски со мали нерегуларности кои не влијаат на конечниот резултат на изборите.

– Овој начин на гласање ДУИ го смета како прва нејзина победа, бидејќи секогаш кога ние сме на некој начин организатори на изборите преку учество во владините институции покажуваме како се организираат избори, овозможуваме граѓаните на достоинствен начин и слободно да ја изразат својата волја. Останува сепак најважната фаза од изборите, а тоа е пребројувањето на гласовите, рече Османи.

Од ДУИ апелираат до сите нивни активисти и набљудувачи во изборниот процес, но и до сите граѓани да останат достоинствени и во оваа важна фаза од изборите.

– Во моментот кога ќе имаме резултати ќе бидат објавени, рече портпаролот на ДУИ додавајќи дека тие очекуваат, како што рече, длабока победа на денешните избори.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански