ДУИ: Европскиот фронт се проширува со Бошњачката Демократска Унија

Од:

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети и претседателот на Бошњачкиот Демократски Сојуз, Мунир Колашинац денеска се договориле кон Европскиот фронт да се приклучи и бошњачката заедница, информираат од ДУИ.

Како што додаваат од оваа партија, Колашинац ќе биде дел од изборната листа на Европскиот фронт за пратеници во Првата изборна единица.

-Пред неколку дена, Европскиот фронт инициран од Демократската унија за интеграција и претседателот Али Ахмети потпишаа договор за коалиција со Албанската демократска партија на Мендух Тачи, Алијансата за Албанците на Зиадин Села, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, Турската демократска партија на Бејџан Иљас, Сојузот на Ромите на Фатима Османовска, Движењето на македонските Турци за правда и демократија претставено од Сулејман Баки, потсетуваат од ДУИ.

Според Демократската унија за интеграција, Европскиот фронт едногласно ја поддржува заедничката кандидатура за претседател на кандидатот Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата