ДУИ: Единствена метода на работа на ВМРО е блокадата

Од:

Денес е 24 април, два дена по истекот на „рокот” на ВМРО за „исплаќање” на наводните „пенали” од 53 милиони евра кон Бехтел и Енка. ВМРО секојдневно и со секоја изјава и соопштение потврдува дека е против развојот, градење автопатишта, против НАТО и ЕУ, против Американски компании и против Албанците. Единствена метода на работа на ВМРО е блокадата. ВМРО е против се и секого, се вели во писмената реакција на ДУИ.

– ВМРО шири хистерија во јавноста и го плаши народот без никаква основа со замислени и измислени заговори и сценарија. Ниту се платија 53 милиони евра, ниту се оствари било што од тоа што тврдеше и ветуваше ВМРО.

Граѓаните се сеќаваат дека ВМРО ќе победеше на парламентарните избори во 2020 година со 10 пратеници разлика, или пак дека во три наврати за време на овој мандат имаше 61 пратеник да ја сруши владата, а да не потсеќаме дека мигрантите ја „поплавија” Македонија, и слични дневни лаги на ВМРО како денешнава која што ја повторуваат веќе месец дена и никако да се оствари.

Автопатиштата не може да ги сопре никој и ништо. Блокадата на коалицијата ВМРО и Левица може само да и одмогне на државата во исполнување на својот дел од обврските – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански