ДУИ: Донесувањето на буџетот не смее да се користи за дневно-политички поткусурувања

Од:

Настаните во и надвор од зградата на Собранието на Република Македонија не придонесуваат во правец на заедничките определби на сите политички партии и на граѓаните на Република Македонија. Сметаме дека политичките разлики и спротивставувања на ниту еден начин не смеат да ги загрозуваат основните функции на државата, како и благосостојбата и мирот на граѓаните во земјата.

Ова се наведува во реакцијата на Демократската унија за интеграција за вчерашните случувања по повод донесување на буџетот за кои се изразува, како што се наведува, длабока загриженост.

– Донесувањето на буџетот е еден од основните предуслови за функционирање на државата и затоа сметаме дека овој есенцијален документ не смее да биде алатка за дневно политичко поткусурување и добивање на политички поени, стои во денешното соопштение.

Според партијата, загрозувањето на основните функции на државата и институциите на системот е во директна спротивност со јасните препораки на Советот на министри на ЕУ, првото тримесечје од 2013 ексклузивно да се посвети на динамизирање на реформите и решавање на споровите, со цел во јуни 2013-та да се отворат пристапните преговори за во ЕУ.

Од ДУИ воедно со апел до политичките партии од македонскиот опозициски блок „Сојуз за иднината“ да ги спуштат тензиите, а со цел да се создаде амбиент за продолжување на реформите согласно препораките на ЕУ. ДУИ ќе се ангажира максимално со целиот свој капацитет во правец на надминување на новонастанатата ситуација во Собранието на  Македонија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски