ДУИ: Да не се наседнува на црните сценарија на некои политички субјекти

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги повикува сите граѓани на разум за да не станат дел од сценаријата на одредени политички субјекти кои, како што посочуваат, за партиски или групни интереси со разни сценарија го загрозуваат изборниот процес и евроатланската иднина на земјата.

– За разлика од нашата позитивна кампања,  со кои суштински се промовираат кандидатите и нивната визија и  проекти за подобри општини и подобри општини за нашите граѓани, имаме силни  индикации дека некои  политички субјекти, албански и македонски, во отсуство на понудата и рејтинг, имаат подготвени  опасни сценарија за кампања и изборниот процес. Со една цел, создавање на меѓуетничките инциденти, а потоа нивно  поврзување, со наводно спонтани протести, иницирана од социјалните мрежи, а реалноста е дека тие подготвени во седиштата на партиите, со единствена цел создавање на  хаос и  конфликти за спречување на слободни избори, избори кои од  сега и самите знаат дека ќе ги  изгубат, рече на денешната прес-конференција шефот на изборниот штаб на ДУИ Абдилаќим Адеми.

Индикациите се, додаде тој, дека тие ќе се обидат да го реализираат ова сценарио за време на целата кампања па до денот на изборите. Ова, рее, не само што ќе му нанесе штета на изборниот процес и на имиџот на демократските процеси, туку, исто така, директно ќе ги стави во  ризик животите на граѓаните.

– Јавно им укажуваме на овие сценаристи, дека ние, заедно со албанскиот народ,  нема никако да дозволиме да се уништи сето тоа што заедно го имаме  изградено во текот на сите овие години, и тоа за подобра иднина за сите, рече Адеми.

Тој информираше дека мотото на кампањата на ДУИ за локалните избори ќе се води под слоганот „Заедно градиме!” и како што рече, ќе биде во согласност со дефинираната стратегија партијата, која отсекогаш била посветена на слободни, мирни и демократски избори. ДИУ има формирано 35 општински и 330 локални штабови, кои заедно со членовите на Генералниот совет на партијата, поддржан од десетици илјади активисти, во овој период, ќе ја  направи нивната понуда да биде достапна до секое семејство, до секој гласач.

На овие избори, информира Адеми, ДУИ ќе се натпреварува во 37 општини, со 22 кандидати за градоначалници и 37 советнички листи  со околу 700 кандидати. Завршната конвенција на ДУИ ќе се одржи на 22 март во Тетово.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите