А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДУИ без конечна одлука за оставките на нивните министри

by А1он31/03/2017 - 20:34149
Share0

Претседателот на ДУИ Али Ахмети по завршувањето на денешна седница на Централното претседателство на партијата во седиштето во Мала Речица посочи дека не донеле конечна одлука околу можноста нивните министри да поднесат оставка, со цел да се придонесе кон надминување на институционалната и политичката криза во земјата.

Добивај вести на вибер

– Расправаме за деблокирање на оваа состојба со поднесување на оставки од министрите на ДУИ, но за ова постојат две толкувања. Можат да дадат оставки, но нема каде да ги поднесат. Но и да дадат оставки ќе мора да ги извршуваат функциите до избор на нова влада, рече Ахмети.

На седницата се дебатирало и за локалните избори, со чие пролонгирање, како што вели Ахмети, се продлабочува кризата.

– Сите знаеме дека кризата се продлабочува со пролонгирање на роковите за одржување на локалните избори, бидејќи мандатот на локалните самоуправи им истекува на средината на мај, а тоа е многу брзо и затоа овој проблем мора да се реши, а за тоа мора да имаме функционално Собрание, додаде лидерот на ДУИ.

Централното претстедателство на ДУИ денеска не донело никаква одлука за тоа дали нивните министри да поднесат оставки или не. – За тоа мора да се консултираме и со правни експерти. Ние како ДУИ не ја исклучуваме можноста да имаме лидерска средба со другите политички партии. Се отфрла можноста за нови предвремени парламентарни избори затоа што тоа нема да придонесе да се реши оваа институционална и политичка криза, изјави Ахмети.

Според извори во ДУИ за околу една недела Централното претседателство на партијата ќе одржи нов состанок на кој ќе биде разгледана актуелната состојба на политички план во земјата.

dui

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Горан Наумовски19/03/2026 - 16:05

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Горан Наумовски17/03/2026 - 16:35

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 11:49

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

Горан Наумовски13/03/2026 - 17:50

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

Горан Наумовски12/03/2026 - 17:22

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Катерина Ѓуровски12/03/2026 - 10:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто