ДУИ: Бараме мониториран ветинг за секој политичар во последните 30 години

Од:

Поминаа три дена и се уште нема барање од политичките партии и моноетничката влада до меѓународната заедница за меѓународно мониториран ветинг. Стравот од целосен ветинг не се покрива со небулозни соопштенија. Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата, велат од ДУИ.

„Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост. Секое доцнење и одбивање само покажува дека гласноста за борбата против корупцијата е обид за прикривање на сопствената корупција“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански