ДУИ: Америка со силна порака до ВМРО, гласајте за уставни измени

Од:

„Демократската унија за интеграција оценува дека реакцијата на американскиот Стејт департмент и повикот на специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, до ВМРО и Левица да го поддржат европскиот пат на земјата и да гласаат за уставните измени е јасен сигнал на кој треба да се обрне внимание“, велат од ДУИ.

„Ако до вчера нашите повици и барања за конструктивност се сметаа за субјективни и постојано беа игнорирани од страна на опозицијата, потврда за нивната рационалност е директната порака на САД за прекин на блокадата и заложништвото на европската иднина на земјата.

Сметаме дека е дојдено време опозицијата да рефлектира, не само на декларативен аспект, да покаже конструктивност во решавачките моменти кога треба да го забрзаме чекорот кон Европа.

Демократската унија за интеграција е убедена дека кај македонската опозиција има европски дух кој ќе триумфира над конфузијата и субјективниот протагонизам.

Најголемиот непријател на државата е стагнацијата, затоа сите да понесеме одговорност размислувајќи пред се за иднината на нашите деца“, соопштува ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански