ВИДЕО: Дугин пречекан кај Бачев со извици „Русија, Русија“

Од:

Со извикување „Русија, Русија“ присутните на панел дискусијата „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“ во организација на Единствена Македонија на Јанко Бачев го пречекаа рускиот филозоф и ултранационалист Александар Дугин.

Тој во изјава за медиумите рече дека не дошле да им даваат политички совети на учесниците на настанот туку да потврдат дека Русија е за зачувување на суверенитетот на секоја држава.

– Македонскиот народ сам треба да одлучи за членство во ЕУ и НАТО, рече Дугин.

Тој не одговори конкретно на прашањето како го оценува Договорот за добрососедство со Бугарија и процесот за решавање на името со Грција.

– Важно е сите словенски народи да се обединат, рече Дугин.

На панел дискусија освен Дугин говорници се и Леонид Савин и претседателот и заменик претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев и Стефан Влахов Мицов.

В.М.

Би можело да ве интересира

Предупредување од британскиот генерал: Руската тврда моќ расте, тие имаат сè поискусна армија

Белгија контра планот за користење на руските милијарди

Русија бара отштета од 230 милијарди долари од „Еуроклеар“

Катерина Ѓуровски

Руската економија со најголем пад во последните години, покажуваат бројките на Ројтерс

Зеленски за мировниот план: Ниту една страна нема да биде целосно задоволна

Триесет отсто од Русите веруваат во Дедо Мраз