ДСЗИ ќе поведе прекршочни постапки за труењето со храна во фабриката „Леар“ во Тетово

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во текот на вчерашниот ден (03.04.2017год) изврши инспекциски надзор за проверка на претходно извршените здравствено-хигиенски прегледи во Центарот за јавно здравје Тетово за лицата ангажирани од страна на фирмата добавувач на храна ДПТУУ Бакал Бакеро, во подготовка на храната за вработените во фабриката „Леар“, во Тетово, при што констатираше дека за четири лица од вработените здравствено-хигиенските прегледи биле валидни до 11.02.2017 година, две лица воопшто немаат извршени вакви прегледи, а за сите шест лица се направени здравствено-хигиенски прегледи по појавата на сомнение за актното труење со храна, соопштија од инспекторатот.

„При инспекцискиот надзор, од страна на епидемиолошката служба при ЦЈЗ Тетово беа доставени и резултатите од микробиолошките анализи од земените брисеви од вработените шест лица ангажирани во подготовка на храна при што е костататирано дека кај две лица од нос е изолиран стафилококус ауреус.

Во однос на земените брисеви од нежива средина, од добиените резултати при надзорот беше констатирано дека од деветте земени бриса од опрема и работни површини во просториите на кујната во сопственост на Бакал Бакеро, шест се негативни, од два е изолиран стафилококус епидермидис, додека од еден е изолиран стафилококус ауреус.

Од земените единаесет брисеви од нежива средина во просторот наменет за диструбуција и делење храна во фабрика Леар Тетово, во кој за хигиената е одговорна фирмата добавувач на храна, согласно дадените резултати од микробиолошките анализи, од седум е изолиран стафилококус ауреус, а четири бриса се стерилни.

Согласно стручното мислење на ЦЈЗ Тетово, брзиот развој на клиничката слика кај заболените лица, два часа по конзумирање на оброкот, самата клиничка слика и пронајдената патогена флора од жива и нежива средина, сомнението за акутно труење со храна оди во прилог на стафилококно труење.

Во врска со горе изнесеното, од страна на ДСЗИ ќе бидат поведени прекршочни постапки за неизвршена превентивна ДДД во објектите и просториите каде се подготвува и служи храна како и за необезбедени здравствено-хигиенски прегледи за лица кои доаѓаат во контакт во производство и промет со храна.

Во врска со микробилошки неисправната мостра од храна од која, исто така, е изолиран стафилококус ауреус, ќе бидат преземени мерки од страна на надлежна институција -Агенција за храна и ветеринарство.

Објектот кој се користи за поготовка на храна, како и просторот каде се дистрибуира и дели храната и натаму се забранети за употреба се додека не се спроведе темелно механичко чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена здравствена установа, добивање негативни резултати од контролни брисеви и обезбедување на вработени со валидни санитарни книшки, по што од страна на ДСЗИ записнички и со симнување на службената лента „Затворено од санитарна и здравствена инспекција“ ќе биде отворен.

Од страна на ЈЗУ Институт за јавно здравје на РМ и надлежниот ЦЈЗ Тетово, по спроведената анализа на резултатите од микробилошките испитувања и спроведеното епидемилошко анкетирање на вработените во Леар Тетово (од втора и трета смена), ќе биде изготвена информација со стручно мислење во врска со актуелната состојба, по што од страна на ДСЗИ до Основно јавно обвинителство Тетово, ќе биде поднесена пријава за покренување кривична постапка“ се вели во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски