ДСM: Хуман однос и зачувување на основните човекови права на бегалците

Од:

„По повод светскиот ден на бегалците, а со оглед на актуелната состојба во Република Македонија со мигрантите – бегалци,  Демократскиот сојуз на млади ја поздравува брзата и навремена реакција на надлежните институции во регулирање на престојот и евидентирање на зголемениот број мигранти кои во се поголем број транзитираат низ државата.

ДСМ ги поддржува измените и дополнувањето на Законот за азил и привремена заштита со што се овозможува привремено регулирање на престојот на мигрантите со можност за поднесување на барање за азил во рок од 72 часа од влезот во земјата. Со овие измени исто така се подобрува евидентирањето на бегалците кое сметаме дека е од големо значење, од причина што на тој начин државните органи ќе имаат контрола на групите мигранти – бегалци и нивниот престој.

Подмладокот на Демократскиот сојуз апелира да се има во предвид безбедносниот аспект на оваа хуманитарна катастрофа за која решенија бараат и земјите од ЕУ со кои исто така е потребна координација во насока на решавање на состојбата во пошироки рамки. Во таа насока предлагаме и организирање на камп во кој ќе се локализира привремениот престој на бегалците од кој понатаму организирано ќе се проследуваат“, велат од ДСМ.

„Ги повикуваме и невладините организации кои ги третираат овие прашања поактивно да се вклучат во обезбедувањето на похумани услови за бегалците и учество во надгледување на целокупната состојба.

Исто така, со оглед на прогнозите за зголемувањето на бројот на бегалци,  ДСМ предлага на разгледување на проблемот од повеќе аспекти од безбедносен и организациски карактер, односно евентуално подобрување на безбедноста на граничниот појас, негова контрола и начинот на мониторирање на движењето на бегалците.

Во одбележувањето на 20 јуни, Светскиот ден на бегалците апелираме за хуман однос и зачувување на нивните основни човекови права и подобрување на целокупната состојба“, се вели во писменото соопштение на ДСМ.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски