ДС: 2018 година на реформи, резултати и членство во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека започнатите реформи во правосудниот сектор, службите за безбедност и администрацијата, се добра основа за стабилизирање на состојбите и јакнење на правната сигурност.

Капиталот доаѓа во стабилни држави и каде што има добра и позитивна бизнис клима.

Изедначување на бизнис условите за домашните и странските компании, се добра основа за раздвижување на инвестициите и зголемување на побарувачката за работна сила, а со тоа и зголемување на платите.

Само со преземање на одговорност од сите политички субјекти, реформи и реални резултати, се гаранција за побрзо евроинтегрирање и полноправно членство во НАТО на Република Македонија.

Охрабрувањата и поддршката кои доаѓаат од ЕУ, НАТО и од САД, се шанса за Република Македонија да се движи напред и да го разреши дваесет и седумгодишен спор наметнат од Грција.

Затоа, Демократскиот сојуз предлага 2018 година да биде прогласена за ГОДИНА НА РЕФОРМИ, РЕЗУЛТАТИ И ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, како и започнување на пристапните преговори со ЕУ“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски