„Демократскиот сојуз смета дека времето за политичко надмудрување, заканите за дестабилизација на државата, како и идеите за нови избори се веќе поразени.
Дојде време да се избере нова Влада, која ќе ја стабилизира состојбата и ќе започне коренити реформи, за да се искорени политизацијата и партизацијата на државните институции, посебно на МВР, Јавното обвинителство и судовите.
Претседателот Ѓорге Иванов има уставна должност да го даде мандатот за состав на новата Влада на партиите кои имаат мнозинство. Простор за “маневри” нема заради можноста многу брзо да се соочи со тешки обвинувања и да понесе голема одговорност.
Институциите не се приватна фирма туку тие функционираат според закон, ред и Устав.
Само еден пример: Должност е на секој генерал, понизок офицер или војник, при напад да ја брани државата и има последици ако тоа не се случи, и не спроведува ќе одговара, ќе биде суден и осуден. Од таму Партија е едно а држава е друго или генералот.
Тоа значи дека уставната должност мора да се спроведе.
Повеќе од јасно е дека или ќе има Влада со мандат од Ѓорге Иванов или без мандат со гласање во Парламентот.
Граѓаните бараат да се формира Влада и да се нормализира животот во земјата, да започне економски развој и продолжат евроинтеграциските процеси.
Демократскиот сојуз предупредува дека во наредниот период ќе има и нови платформи или нови протести, сеедно Македонија е демократска земја, секој може да го искаже своето мислење, но промените се нужност и мора да се во функција на јакнење на демократијата и владеење на правото“ се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.