Враќањето на опозицијата во Парламентот, Демократскиот сојуз го оценува како прв и многу важен чекор за постепено надминување на политичката криза.
Партијата смета дека само преку аргументирана расправа и висок степен на политичка одговорност може да се имплементира Договорот и да се создадат услови за фер и демократски избори. ДС активно ќе се вклучи во градењето на решенија за системски промени и враќање на цивилизациските вредности, владеење на правото и јакнење на демократските капацитети на државата.