ДС: Во пресрет на избор на стара-нова Влада, укажуваме на потребата од радикални промени во поставеноста, дејствувањето и приоритетите

Од:

Во пресрет на избор на стара-нова Влада, Демократскиот сојуз укажува на потребата од радикални промени во поставеноста, дејствувањето и приоритетите.

„Во оваа насока освен реформите сврзани со евроинтеграциските процеси, Демократскиот сојуз инсистира и на: Прво, робусна борба против организираниот криминал и високата корупција, преку системски промени и формирање на Агенција за борба против криманалот, со висок степен на самостојност и посебни права и овластувања (ФБИ)“, соопштува Демократскиот сојуз.

„Второ, испорачување на правдата преку законска можност за фер судење за монтираните судски процеси (Нема правда, Нема мир).

Трето, реформа на судскиот и правниот систем во целина, преку ревизија на работата на секој судија, обвинител и припадник на МВР, департизација на службите за безбедност и администрацијата.

Четврто, коренити реформи на изборните правила, укинување на системскиот монопол на четирите партии и Македонија да биде една изборна единица.

Само со конкретни и радикалнии чекори можат да се придвижат процесите во позитивна насока и да се отворат перспективи за развој на државата“, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски