ДС: Веруваме дека француски предлог за редефинирање на пристапниот процес кон ЕУ, претставува искрена намера, а не алиби

Од:

Демократскиот сојуз верува дека најновиот француски предлог за редефинирање на пристапниот процес кон ЕУ, претставува искрена намера со која се потврдува европската перспектива на Македонија, а не алиби за ветото дадено на Самитот на ЕУ во октомври.

„Неспорен факт е дека заостануваме во реформите во одредени области, особено во правосудството, администрацијата, како и во борбата против организираниот криминал, новиот неформален предлог од Париз кој се заснова на принципите за постепено придружување, построги услови, видлив напредок и реверзибилност, може да претставува вистинско забрзување на реформите во Македонија.

Позитивната страна во предлогот е идејата земјите-кандидати да имаат пристап до структурните фондови на ЕУ, како и построга контрола на реализацијата на преземените обврски на реформски план.

Демократскиот сојуз потсетува дека новата француска методологија за проширување на Унијата, содржи многу недоречености, кои може да бидат изговор за бесконечно одложување на влезот на Македонија во ЕУ.

Очекуваме Документот да биде дополнет со акциски план за брза и квалитетна фазна имплементација на поглавјата испорачани од Унијата.

Препорачуваме Владата да направи сериозни стручни консултации и сугестиите што ќе ги достави до Франција да бидат во функција на имплементација на европските вредности и можност постигнатите резултати објективно да се оценуваат и вреднуваат“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски