ДС: Уставниот суд легализира изборен фалсификат

Од:

Со денешната одлука Уставниот суд создава законска можност за легализација на фалсификување на правото на глас и изборен грабеж. Ако некој може да ги крши основните цивилизациски вредности, да владее со кршење на изборните правила, да ја менува волјата на граѓаните со закани, притисок, со коруптивни понуди, да ги руши темелите на демократијата, а за тоа да може да биде амнестиран, е надвор од било какво владеење на правото и правда.

Одлуката на Уставниот суд е политички мотивирана, спротивна на Уставот и претставува класична злоупотреба на функцијата судија. Судот наместо да ја цени уставноста на законите и да ги штити основните права на граѓаните, на голема врата отвора можности за помилување на извршители на тешки кривични дела без водење на судска постапка.

Демократскиот сојуз ја повикува експертската јавност, со силата на правни аргументи да се спротивстави на оваа апсурдна и правно неиздржана одлука.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски