ДС: Уставна криза

Од:

„Со одлуката на Уставниот суд за укинување на одредби од Законот за помилување, се создаваат законски основи  односно се декриминализира криминал со кој директно се загрозуваат основните демократски и цивилизациски вредности преку слободно кршење на изборните правила од партиските елити, потоа вклучување во нарко бизнисот, тероризам, како и сексуални напади над малолетници и сл.

Демократскиот сојуз смета дека се разрушени темелите на владеење на правото, со што законите нема да важат за сите подеднакво и не е можно да се одржат избори. Ако започне процес на аболиција на тие што ја фалсификуваат волјата на граѓаните, тоа ќе предизвика нестабилност во државата и целосна блокада на евроинтеграциските процеси.

Демократскиот сојуз предлага да се отвори постапка за донесување на Закон за Уставниот суд, во кој ќе се дефинира одговорност на судиите заради кршење на Уставот или доколку носи одлуки со кои се нарушува владеење на правото или поттикнува на вршење на криминал, а на сегашните судии да им престане мандатот“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски