ДС: Туск во земја на апсурди

Од:

„Претседателот на Европскиот Совет, господинот Доналд Туск, пристигна во Македонија, земја на апсурдите, каде владејачката партија и по парламентарните избори кои се одржаа на 11-ти декември 2016 година, со 51 пратеник и натаму владее и организира блокада на Парламентот, како и протести, со единствена цел, да спречи мирен, демократски и уставен трансфер на власта.

Туск сигурно ќе препорача да се дозволи парламентарното мнозинство (има 67 пратеници од вкупно 120) да формира Влада, но веројатно ќе инсистира Македонија да спречи транзит на бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан и да се подготви за пифат на бегалци преку изградба на кампови со големи капацитети.

Како и да е, времето стана силен непријател на етаблирање на нова власт, поради што се неопходни цврсти и одлучни чекори за избор на нова, реформска Влада, со поддршка од над 700 илјади гласачи“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе се приклучи на европскиот систем за воздушна одбрана

Горан Наумовски

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски