Поради можноста од продлабочување на кризата во РМ, Демократскиот сојуз предлага преговорите помеѓу четирите партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА) за имплементација на договорот од Пржино, да се одвиваат јавно, пред ТВ камерите и во Собранието на Република Македонија.
Деновиве сведоци сме на меѓусебни обвинувања помеѓу преговарачите, за опструкции, некоректност, условувања, уцени и слично, при што граѓаните не се во можност да проценат кој ги минира преговорите и со која цел.
Поради тоа, ДС предлага целосна транспарентност на преговорите. На овој начин сметаме дека лидерите на овие четири партии и нивните преговарачки тимови ќе бидат многу поодговорни и ќе водат сметка за националните и државните интереси, како и конкретните интереси на граѓаните.Ви благодариме на соработката.