По најавите за воведување на санкции за државно политичкиот врв, но и за државата, од стана на ЕУ, Демократскиот сојуз апелира до ЕУ: санкциите да бидат само према корумпираните политичари кои по име и презиме ги аболицираше (помилуваше) Ѓорге Иванов и тоа за тешки кривични дела и кршење на правата на граѓаните.
Граѓаните на Македонија без разлика на партиска, етничка или верска припадност, се на нозе, протестираат за правда и владеење на правото и законите да важат подеднакво за сите.
Граѓаните се за европските вредности и немојте за тоа да ги казнувате.
ДС инсистира на повлекување на аболицијата и одлагање на изборите, како основа за разрешување на кризата.