ДС: Рамноправна застапеност на жените во политиката

Од:

„Демократскиот сојуз ја поздравува иницијативата на Македонското женско лоби за промена на изборната регулатива во насока на зголемување на квотите на жените, но предлага тоа да биде 50%, односно жените да имаат можност да бидат рамноправно застапени на изборните листи.

Демократскиот сојуз како партија на центарот, негува принципи и вредности кои се против секаков вид на дискриминација (пол, возраст, вера и сл.) и се залага на сите да им се дадат еднакви можности за учество како во општествениот, така и во политичкиот живот.

Веруваме дека капацитетите и квалитетите на една личност без разлика дали станува збор за маж или жена, мора да добијат рамноправен третман и затоа ДС предлага досегашната квота од 33% да се зголеми на 50%“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски