А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДС: Промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи

by А1он14/09/2020 - 14:37357
Share0

Демократскиот сојуз ја поздравува иницијативата на министерот за правда Бојан Маричиќ за промена на изборниот модел за локалните избори и воведување отворени листи, но оценуваме дека овој чекор не е доволен за демократизација на политичкиот систем и рамноправни услови за изборен натпревар на сите политички субјекти.

Добивај вести на вибер

„Демократскиот сојуз смета дека периодот по завршувањето на изборите и формирањето на владата е вистински момент за промена на изборниот модел и за следните парламентарни избори. Поради тоа, предлагаме да се формира работна група составена од пратеници и експерти која во наредните три месеци ќе ги подготви измените на Изборниот законик. Работната група треба да подготви темелна анализа на изборниот модел и да предложи измени кои ќе создадат еднакви шанси за изборен натпревар на сите политички партии“, соопштуваат од ДС.

„Демократскиот сојуз предлага Македонија да го задржи пропорционалниот модел, но да биде една изборна единица, со отворени листи и без изборен праг. Со овие промени, составот на парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе се демонтира „еднопартискиот систем“ на владеење кој овозможува менување на власта само на две доминантни политички партии.

Демократскиот сојуз ги повикува сите поголеми и помали политички партии застапени во Собранието да застанат зад идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи. Граѓаните заслужуваат нивната политичка волја да биде почитувана и нивниот глас да биде вистински вреднуван и отсликан во највисокиот законодавен дом“, велат од ДС.

ds

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска14/06/2023 - 17:40

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска11/06/2023 - 10:59

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска07/06/2023 - 10:24

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска08/05/2023 - 13:2308/05/2023 - 13:25

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски07/05/2023 - 15:0808/05/2023 - 07:48

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски30/04/2023 - 10:4501/05/2023 - 08:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен