„Во последните неколку дена се почесто се објавуваат постови од лажен профил при што се злоупотребува името на претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.
Демократскиот сојуз ќе ги преземе сите законски мерки се со цел да се спречи злопотреба на ФБ за пласирање на постови со злоупотреба на името на претседателот на ДС.
Павле Трајанов се оградува од коментарите објавени преку лажните профили“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.