„Демократскиот сојуз смета дека законите за амнестија, лустрација и обнова на постапката за монтираните политичко – судски случаи, треба да се донесат во пакет, како крупен чекор кон воспоставување на праведен систем и корекција на неправдата.
После потресната исповед на Емел Рамковска, најмалку што може да се направи е да им се овозможи повторно и фер судење.
Демократскиот сојуз сугерира освен за Законот за амнестија, во најкус можен рок да започне јавна и парламентарна расправа и за лустрацијата, како и за политичко – судските монтирани процеси.
Демократскиот сојуз предлага да започнат постапки за одговорност и на сите инволвирани (политичари , припадници на МВР, обвинители и судии) во монтираните судски процеси“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.